„CONTROL“ Е НАЈНОВАТА БЕСПЛАТНА ИГРА НА EPIC GAMES

„CONTROL“ Е НАЈНОВАТА БЕСПЛАТНА ИГРА НА EPIC GAMES

Како последно изненадување за големата распродажба на Epic Gamse Store, последната бесплатна игра е критички успешната „Control“. Навистина ќе бидам пристрастен и ви велам дека оваа игра апсолутно треба да ја додадете во вашата колекција доколку веќе ја немате.

Дали ги сакате оригиналните Max Payne игри и Alan Wake? Доколку вашиот одговор е да спремете се за уште едно ремек дело од страна на Remedy Entertainment. Очекувајте научна фантастика на уште почудно ниво кое ќе ве прати на времеплов истовремено назад, но и напред во времето.

Строго ви ја препорачувам „Control“ на секого и бидете брзи бидејќи ќе биде достапна до наредниот четврток, а реално бесплатно честопати е најдобрата цена.

Можеби и ќе препознаете некои од гласовите од игрите на Remedy Entertainment.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *