ПЕТ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ СЕКОЈ ДЕН ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ЦРЕШИ ВО ЛЕТО

ПЕТ ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОИ СЕКОЈ ДЕН ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ЦРЕШИ ВО ЛЕТО

На радост на многумина кои сакаат цреши, сезоната на ова овошје започна. Покрај тоа што се неодоливо слатки, вкусни и освежувачки, црешите се исклучително добри за нашето тело. Тие се богати со калиум, па затоа добро влијаат на елиминирање на вишокот течности од организмот.

Црешите содржат витамини А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин. Ова ги прави моќни борци против рак, срцеви заболувања и главоболки.

Сега кога пристигна сезоната на цреши, тешко е да се најде изговор да не се јаде барем неколку стотици грама цреши на ден.

  1. Тие го штитат мозокот и помагаат да се спречи Алцхајмеровата болест
    Црешите содржат моќни антиоксиданти кои можат да го заштитат мозокот од деменција и Алцхајмерова болест. Позитивно влијаат и на зајакнување на меморијата, што ги прави совршена закуска за учениците.
  2. Одлични се во борбата против дијабетесот
    Ако имате висок шеќер во крвта, може да ви биде тешко да најдете здрава закуска која има низок гликемиски индекс. Засладете се со вкусна овошна салата од цреши, боровинки и грозје, без каење.
  3. Тие се преполни со антиоксиданти
    Фенолите кои природно се јавуваат во црешата им овозможуваат на клетките заштита од оксидативен стрес. Хидроксинамичните киселини ги штитат невронските клетки од оштетување, обезбедувајќи витална заштита на мозокот.
  4. Одржувајте здрав дигестивен систем
    Во светот на брзата храна, скоро е невозможно да се одржи здравиот дигестивен систем. Многу луѓе велат дека им е тешко да не јадат закуски и слатки, а резултатот е лошо варење. За среќа, има решение и за тоа. Јадете неколку цреши секој ден и пијте два литра течност.
  5. Тие ви помагаат да спиете подобро
    Истражувањата покажаа дека црешата може да го подобри количеството и квалитетот на спиењето во рок од три дена. Причината е тоа што ова овошје содржи мелатонин, хормон кој влијае на подобар сон.

За крај, чаша сок од цреша навечер може да помогне при несоница и значително да го зголеми квалитетот на спиењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *