МВП ДОСТОЈНАТА ПАРТИЈА НА ЈОКИЌ НЕДОВОЛНА ЗА ТРИУМФ НА ДЕНВЕР НАД ФЕНИКС

МВП ДОСТОЈНАТА ПАРТИЈА НА ЈОКИЌ НЕДОВОЛНА ЗА ТРИУМФ НА ДЕНВЕР НАД ФЕНИКС

Само еден ден откако беше прогласен за најкорисен играч во НБА лигата, Никола Јокиќ обезбеди уште еден натпревар на ниво на титулата МВП. Постигна 24 поени, заедно со 13 скока и 6 асистенции, но Денвер беше поразен од Феникс со 123: 98.

„Санс“ поведоа во полуфиналната серија со 2:0, но првите два меча ги одиграа на домашен терен. Следните две се играат во Денвер.

Освен Јокиќ, никој друг играч на Нагетси не беше многу расположен. Мајкл Портерт јуниор постигна 11, Вили Бартон 10 поени, а Пол Миласап 11.

Денвер добро се држеше во првата четвртина, но веќе во второто полувреме започна да ја губи контролата над натпреварот и му дозволи на Феникс да направи 10 поени разлика (25:35). Во продолжението од мечот, Феникс отиде на плус 20 (48 : 69).
Јокиќ шутираше солидни 52,9% (9-17) од играта и само 1-3 за три поени.

Од друга страна, дури шест играчи имаа убаво распределена двоцифрена изведба. Девин Букер постигна 18 со 10 скока, Крис Пол 17 поени со 15 асистенции, Деандре Итон додаде 15, Михал Бриџис 16 и Џо Краудер 11.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *