ЊУЈОРК ЈА ОТВОРИ НАЈГОЛЕМАТА ТЕМАТСКА ПРОДАВНИЦА ПОСВЕТЕНА НА ХАРИ ПОТЕР

ЊУЈОРК ЈА ОТВОРИ НАЈГОЛЕМАТА ТЕМАТСКА ПРОДАВНИЦА ПОСВЕТЕНА НА ХАРИ ПОТЕР

На почетокот од оваа недела, во Њујорк се отворија вратите на најголемата тематска продавница посветена на Хари Потер. Продавницата има 13. ката која ја сочинуваат 15 тематски делови. Дури ни дождот не ги одвлече фановите да ја наполнат продавницата на Бродвеј со цел да прошетаат меѓу полиците инспирирани од книгите и филмовите на популарната франшиза.

Оригиналната намена за продавницата била да продава облека, но продавницата им понуди увид во свет исполнет со магија, односно верзија од филмови и книги прилагодени на реалниот свет.

Во ваквиот простор, изложени се над илјада реквизити, меѓу кои има и неколку автентични предмети кои се користени за време на снимањето. Посетителите може да се фотографираат и да си направат селфи на секој кат од продавницата.

Првиот роман, „Хари Потер и Каменот на мудроста“, беше објавен во 1997 година, а последната од седумте книги е објавена во 2007 година. Сите книги се преведени на бројни светски јазици, а последниот дел во САД се распродаде за само 24 часа откако се појави на полицата во книжарниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *