ПАЈО ПАТОРОТ НАПОЛНИ 87 ГОДИНИ

ПАЈО ПАТОРОТ НАПОЛНИ 87 ГОДИНИ

На денешен ден во далечната 1934 година „роден“ е Пајо Паторот, еден од најпопуларните ликови од умот на Волт Дизни. Пајо е бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала.

Неговиот иконичен изглед со морнарска маичка и капа без панталони, освен ако не требаше да плива. Според цртаниот филм „Donald Gets Drafted“, неговото целосно име е Доналд Фонтлерој Дак (ама ние ќе си го викаме Пајо Паторот). Неговото деби беше во цртаниот филм „Паметна мала кокошка“.

Ликот е познат по тоа што поседува делумно разбирлив глас, кој беше дело на неговиот оригинален актер, Кларенс Неш.

Гласовниот актер произведува звуци принудувајќи воздух преку устата со помош на мускулите на образот, наместо од белите дробови како во типичен говор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *