УНИЦЕФ: ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ЗГОЛЕМЕН ДЕТСКИОТ ТРУД

УНИЦЕФ: ПО ДВЕ ДЕЦЕНИИ, ЗГОЛЕМЕН ДЕТСКИОТ ТРУД

Секое десетто дете е принудено да работи, а милиони деца би можеле да бидат присилени да работат поради пандемијата, предупредуваат ООН. По 20 години, детскиот труд првпат е во пораст.

Бројот на деца кои се принудени на работа е зголемен на 160 милиони од 152 милиони деца во 2016 година, а порастот е поради кризата и сиромаштијата во Африка, наведуваат во соопштението Меѓународната организација за труд и УНИЦЕФ.

„Сега, кога влеговме во втората година од глобалното економско затворање, затворање на училишта, економски нарушувања и намалувања на националните буџети, семејствата се принудени да носат тешки одлуки“,

вели извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе

ООН ја прогласи 2021 година како Меѓународна година за укинување на детскиот труд, нагласувајќи дека се потребни итни активности за да се постигне целта за целосно искоренување на детскиот труд до 2025 година. Сепак, напредокот постигнат по 2000 година (246 милиони деца) може да биде поништен, бидејќи до крајот на 2022 година, бројот на деца кои работат би можело да се зголеми на 206 милиони ако владите не преземат ништо.

Во извештајот се посочува дека децата сега можат да бидат принудени да работат подолго и во потешки услови поради економски тешкотии и затворање на училишта поради пандемијата со Ковид-19 и дека многу од нив може да бидат принудени на најлоши форми на детски труд.

УНИЦЕФ предупредува дека е зголемен бројот на деца кои работат на возраст од пет до 11 години и оти тие извршуваат работи опасни по нивното здравје и безбедност.

Бројот на деца кои работат може да се намали на 16 милиони со одредени мерки односно со детски додатоци и обезбедување на бесплатно и квалитетно образование до минималната возраст за вработување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *