УТРЕ ЗАПОЧНУВААТ 58. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

УТРЕ ЗАПОЧНУВААТ 58. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Утре претпладне во 10 часот со Меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, започнуваат годинешните Рацинови средби. „58. Рацинови средби“, која секоја година се одржуваат во негова чест.

За време на настанот ќе бидат промовирани научните дела испечатени во периодот меѓу двете конференции, а организатори се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик и Општина Велес. Како дел од настанот, ќе бидат посетени двата споменика на Рацин во Велес, а ќе бидат засадени и млади садници во Шумата на Рацин кај Спомен костурницата од НОВ, каде се наоѓаат посмртните останки на Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на Рациновите средби е утревечер во 19 часот во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинив-Џинот“ каде Беседа за Рацин ќе одржи проф д-р Атанас Вангелов. Исто така, ќе се одржи и традиционалниот Меѓународен поетски митинг. Вечерта ќе биде заокружена со Вокално-инструментален концерт на НУ Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

Програмата на годинашните “58. Рацинови средби’ ќе заврши во недела на 13 јуни со традиционалната посета на местото на погобјето на Рацин во Лопушник кичевско, а во таа чест ќе се одржи и Марш за Рацин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *