ЕУ СО ПОДДРШКА ЗА АКТИВНИОТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

ЕУ СО ПОДДРШКА ЗА АКТИВНИОТ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Раководителот на Секторот за економски прашања, зајакнување на институциите и прекугранична соработка на Делегацијата на ЕУ во РМ, Фредерик Јанмат денеска ја посети Општина Аеродром.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и Јанмат разговараа за досегашните и идни проекти, како и за еден од најновите проекти за издавање бесплатни велосипеди за жителите на Општина Аеродром.

Јанмат оцени дека станува збор за одличен проект, со оглед на тоа што доаѓа од Холандија, каде што велосипедите се култура на живеење.

„Општина Аеродром се залага и работи на проекти за зачувување на животната средина и го промовира здравиот начин на живеење, како и активниот велосипедизам“, рече градоначалникот Марин.

Неодамна Општината објави јавен повик за субвенционирање со што финансиски им се помага на жителите при набавка на нови велосипеди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *