ВИДЕО: ОЖИВЕА ЖИВОТНО ЗАМРЗНАТО 24 ИЛЈАДИ ГОДИНИ

ВИДЕО: ОЖИВЕА ЖИВОТНО ЗАМРЗНАТО 24 ИЛЈАДИ ГОДИНИ

Научниците вратија од мртвите мало животно старо 24.000 години, кое било замрзнато на Сибир. Откако животното било загреано и нахрането, безрбетното животно одеднаш станало активно и почнало дури да се размножува, бесполово без сексуален партнер.

„Се работи за животно со нервен систем, мозок и други органи“,

вели биологот Стас Малавин од Центарот за биолошки истражувања „Пушчино“

Научниците и претходно имаат успеано да оживеат живо суштество што било замрзнато, дури и постаро – 30.000 години, но ова е првпат да се случи со безрбетник. Ова е повеќеклеточен организам кој на главата има венец што трепери, а е помал од четвртина од милиметар.

„Научниците сметаат дека денешните безрбетници имаат слична способност за преживување како и нивните древни претци. Малавин во текот на еден екперимент на една недела (-15 степени) замрзна различни современи видови, како и некои потомци на древни животни. Сите групи подеднакво биле толерантни на замрзнување, со слична стапка на преживување“,

пишува „New Scientist“

Резултатите покажуваат дека ако постапката на смрзнување е релативно бавна, клетките на безрбетниците можат да преживеат со минимални оштетувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *