ВИДЕО: ВИСТИНСКИ СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН – ЃОКОВИЌ ШУТИРА РЕКЛАМИ И ВИКА

ВИДЕО: ВИСТИНСКИ СВЕТСКИ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН – ЃОКОВИЌ ШУТИРА РЕКЛАМИ И ВИКА

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос излезе како подобар од Италијанецот Матео Беретини со 6:3, 6:2, 6:7, 7:5. Откако мечот беше прекинат во четвртиот сет, бидејќи публиката не сакала да ги напушти трибините поради полицискиот час, Ѓоковиќ повторно имаше еден од своите карактеристични испади.

Ѓоковиќ не сакаше да биде совладан поради тоа што Беретини го освои третиот сет, светскиот рекет број еден го славеше секој поен во четвртиот сет како победа. Пред да стигне до победата, тој загуби поен и почна да вика „Што е работата?!“ кон својата ложа со силен замав на рекетот и клоци на рекламите долж работ на теренот.

Ѓоковиќ дури и со победничкиот поен испушти силен крик и викна кон својот тим со „Што е работата?! Ајде да одиме, човеку!“.

“Условите беа специфични поради публиката. Овој стадион со навивачите доби душа, имаше емоции и секогаш е посебно кога се на натпревари. Ова беше ужасно тешко до последниот удар “

изјави Србинот по победата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *