„VIRGIN GALACTIC“ ЌЕ ГИ НОСИ ЛУЃЕТО ВО ВСЕЛЕНАТА  ЗА 250.000 ДОЛАРИ!

„VIRGIN GALACTIC“ ЌЕ ГИ НОСИ ЛУЃЕТО ВО ВСЕЛЕНАТА ЗА 250.000 ДОЛАРИ!

На 22 мај беше лансиран ракетен авион Спејсшип 2 со двајца членови на екипажот, кој успешно се движеше во орбитата над земјата и потоа слета без никакви проблеми. Сега компанијата „Virgin Galactic“ е основана од милијардерот Ричард Бренсон со цел да се развие и понуди можност за вселенски туризам на оние кои се доволно храбри и богати за да можат да си го дозволат тоа. Билетот ќе чини околу 250.000 УСД за 90-минутен лет чија брзина е три пати поголема од брзината на звукот.

Далекувизните инвеститори кои не се осмелуваат да ризикуваат, се многу заинтересирани за можностите и перспективите на оваа компанија. Само во текот на изминатата недела, акциите се зголемија скоро 50%, наспроти 84% минатата година. Компанијата очекува да оствари приход од една милијарда долари годишно, а се планираат комерцијални летови за почетокот на 2022 година. Одобрување се очекува и од регулаторната агенција на САД задолжена за цивилен воздушен сообраќај.

Во меѓувреме, извршниот директор Мајкл Колглазиер најави дека, по успешниот тест лет, ова лето ќе ги изврши следните два пробни лета со полн персонал. Основачот на компанијата, Ричард Бренсон, ќе биде дел од екипажот на еден од следните летови, а тоа сигурно ќе привлече уште поголем интерес од инвеститорите и вниманието на светската јавност. Аналитичарите велат дека небото не е граница за оваа компанија, која тврди дека ќе се потруди цената на билетот за вселенски лет да биде прифатлива за побогатите луѓе, така што обичните луѓе еден ден можат да патуваат во орбитата. Додека тоа не се случи, мора да почекаме и да видиме дали „Вирџин галактик“ ќе може да го одведе човештвото на место каде, освен неколку астронаути, никој не стигнал порано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *