ЃОКОВИЌ СО ПРЕСВРТ ГО ИСФРЛИ НАДАЛ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА РГ!

ЃОКОВИЌ СО ПРЕСВРТ ГО ИСФРЛИ НАДАЛ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА РГ!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-1 го елиминира Рафаел Надал од вториот Грен слем турнир во Париз, Ролан Гарос. За Шпанецот, ова е само трет пораз на престижниот турнир во Франција, втор од Новак, а има и еден од Содерлинг.

Иако „бикот од Мајорка“ поведе со 1-0 во сетови, откако победи со 6-3 и притоа водеше со 5-0, Србинот бргу се врати. Со иста мера, идентични 6-3 го доведоа Ноле до израмнување на 1-1.

Третиот и најдолг сет имаше многу возбудувања, а по час и 40 минути Ѓоковиќ го доби тај-брејкот со 7-4. Сепак, вреди да се напомене дека Надал водеше со 6-5, а имаше и сет-топка на противнички сервис која не ја искористи. Во завршниот сет, Новак со експресни 6-2 и три „брејка“ го совлада ривалот за пласман во финалето.

Во мечот за трофејот првиот светски рекет ќе игра со Стефанос Циципас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *