МИСЛЕЛЕ ДЕКА Ѝ Е ДЕДО: МАЈКЛ ДАГЛАС НА МАТУРАТА НА СВОЈАТА ЌЕРКА

МИСЛЕЛЕ ДЕКА Ѝ Е ДЕДО: МАЈКЛ ДАГЛАС НА МАТУРАТА НА СВОЈАТА ЌЕРКА

Познатиот холивудски актер, Мајкл Даглас, во новото шоу на Кели Кларксон ја раскажа непријатната ситуација во којашто се нашол на матурата на ќерката Кејрис. Родителите на другите матуранти помислиле дека Мајкл всушност е нејзин дедо, а не татко.

“Беше прекрасно. Многу сум горд на неа. Но, ми беше малку непријатно и звучеше грубо кога другите родители ми рекоа: „Честитки, сигурно се гордееш со својата внука.“ Во ред е. Јас не го сфатив тоа сериозно, тие само се обидоа да бидат љубезни “,

рекол Мајкл

Матурата се одвила онлајн поради пандемијата, а актерот подоцна објавил и семејна фотографија од прославата на Инстаграм.

„Кејрис, честитки за тебе и целата твоја генерација. Мајка ти и јас сме многу горди на тебе. Те сакаме многу и сме возбудени за вашата иднина затоа што најдоброто допрва доаѓа. Тато “,

напиша актерот покрај фотографијата

Мајкл и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс ги имаат ќерката Кејрис и синот Дилан, а со Диандра Лукер го има синот Камерон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *