НАВИСТИНА ПОСТОИ! – ELDEN RING ЈА ДОБИ СВОЈАТА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА

НАВИСТИНА ПОСТОИ! – ELDEN RING ЈА ДОБИ СВОЈАТА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА

На синоќешната прилично досадна презентација на Summer Game Fest, беше откриена една од најочекуваните игри на сите времиња. „Elden Ring“ во изработка на FromSoftware е уште една игра во низата на т.н. „Soulslike“ игри, кои го добија името според сопствената франшиза „Dark Souls“.

Повторно на кормилото на FromSoftware се наоѓа познатиот Хидетака Мијазаки, кој ќе го креира светот заедно со Џорџ Р.Р. Мартин, да тој Р.Р. Мартин! Светот изгледа феноменално, како што е често случајот со овие игри и ве носи на авантура во бесконечната фантазија на овие двајца креатори.

На Интернетот стана општо прифатена шега дека всушност играта не постои и не се работи на неа бидејќи Р.Р. Мартин е поврзан со делото, а знаеме колку брзо тој ги заврши новелите на кои се базира „Игра на Тронови“. Сега, добивме трејлер и гејмплеј за „Elden Ring“, како и датум кога може да ја играте.

За време на наредните пет дена ќе има голем број на презентации поврзани со светот на видеоигрите бидејќи започнува E3.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *