ДЕДО ВО МОСКВА ПРОНАЈДЕН ЖИВ ПЕТ ДЕНА ОТКАКО БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА МРТОВ

ДЕДО ВО МОСКВА ПРОНАЈДЕН ЖИВ ПЕТ ДЕНА ОТКАКО БИЛ ПРОГЛАСЕН ЗА МРТОВ

Еден постар Русин, кој бил прогласен за мртов, беше пронајден жив неколку дена по неговиот погреб, потврдија неговите роднини.

Григориј Васиљев (79) бил сместен во болница во Московскиот регион со оштетување на екстремитетите и нејасен говор, каде што му беше дијагностициран мозочен удар на 12 мај. Окружната болница во Солнечкогорск го известило семејството на Васиљев за неговата смрт пет дена подоцна.

Внуката рече:

„Кога мајка ми, тато и брат ми го видоа телото, сите рекоа дека не е тој. Патологот започна да покажува ознаки и документи каде што беше напишано дека станува збор за Григориј Михајлович Васиљев и објасни дека едно лице многу се менува по смртта, мозочниот удар и трепањето на черепот за време на обдукцијата.
Семејството го закопало оној за кого мислеше дека е дедо на 19 мај“.
Корчашкина рече дека тројцата пријатели, роднини и познаници на погребот „исто така биле изненадени што тој не личи на вистинскиот Васиљев.

Големото откритие се случи само два дена подоцна, кога болницата го повика семејството на закопаниот човек за да ги извести дека вистинскиот Васиљев се опоравил и дека е подготвен да биде отпуштен. Повикувајќи се на болничкиот персонал, внуката Корчашкина рече дека медицинска сестра заборавила да пријави дека сменила места меѓу Васиљев и сличен постар пациент легнат во кревет од истото одделение. Корчашкина додаде:

„Кога човекот починал, тој починал на креветот на мојот дедо“.

Сега семејството на Васиљев бара да ги врати неговите права и документи за легално да го пренесе од болницата во Солнечкогорск во центар за рехабилитација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *