ПОМФРИТОТ НА МЕКДОНАЛДС Е НАПРАВЕН ОД КОМПИРИ КОИ ГИ ОДГЛЕДУВА БИЛ ГЕЈТС?

ПОМФРИТОТ НА МЕКДОНАЛДС Е НАПРАВЕН ОД КОМПИРИ КОИ ГИ ОДГЛЕДУВА БИЛ ГЕЈТС?

Претходно оваа година, „The Land Report“ објави дека Бил Гејтс е најголемиот сопственик на приватно земјоделско земјиште во САД, поточно сопственик на околу 242,000 хектари низ 18 држави.

Сега, во новиот извештај на „NBC News“ се вели дека компирот што се користи за некои помфрити на Мекдоналдс потекнува од неговата земја.

Според извештајот на NBC News, поголемиот дел од овие компири на Мекдоналдс се одгледуваат на нивите што ги поседува Гејтс во државата Вашингтон и се доволно големи за да можат да се видат од вселената.

И не само што компирот расте на земјоделското земјиште на Гејтс, туку има и моркови, кромид, соја, ориз и многу повеќе. На пример, во Луизијана, неговото земјоделско земјиште одгледува соја, ориз, пченка и памук. Во Небраска има соја, исто така, во Флорида морков, а во државата Вашингтон претежно компири, од кои некои потоа се преработуваат за Мекдоналдс.

Со оглед на фокусот на Гејтс кон климатските промени и одржлива иднина за нашето опкружување – како што беше демонстрирано минатата недела кога ЕУ Комисијата објави дека соработува со Гејтс за да создаде програма за зајакнување на технологиите за чиста енергија, интересно е да се слушне зошто тој сугерираше дека не ги третира своите инвестиции во земјоделско земјиште како „дел од неговите пошироки планови за спасување на планетата“, пренесе NBC.

Според извештајот на Ен-Би-Си, некои земјоделци кои поседуваат земјиште покрај имотот на Гејтс изразија загриженост дека зачувувањето и заштитата на животната средина не биле повеќе во фокусот на земјоделското земјиште на филантропскиот милијардер. Некои се надеваа дека тој можеби инвестирал во земјоделски техники што може да имаат помало влијание врз живеалиштата, но не изгледа дека ова било случај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *