ТРАМП ДО БАЈДЕН: НЕМОЈ ДА ЗАСПИЕШ НА СРЕДБАТА СО ПУТИН

ТРАМП ДО БАЈДЕН: НЕМОЈ ДА ЗАСПИЕШ НА СРЕДБАТА СО ПУТИН

Доналд Трамп му порача на својот наследник, Џо Бајден, да не заспива за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин и да му пренесе поздрави.

„Со среќа на Бајден во преговорите со претседателот Путин. Не заспивајте на состанокот и ве молам да му ги пренесете моите најдобри желби”,

рече Трамп

За време на изборната кампања, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави постојано го нарекуваше својот противкандидат „заспаниот Џо“.

Трамп истакна дека неговата средба со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година била „одлична и многу продуктивна“. Претходниот американски лидер изрази верување дека САД, и покрај тврдењата на медиумите, „на тој самит постигнаа многу, вклучително и почит кон претседателот Путин и Русија“.

Средбата Бајден-Путин ќе се одржи на 16. јуни во Женева. Кремљ објави дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид 19 и решавањето на регионалните конфликти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *