ВИЛАНДЕР: ФЕДЕРЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОСРАМОТИ ПРОТИВ ЃОКОВИЌ

ВИЛАНДЕР: ФЕДЕРЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ЗА ДА НЕ СЕ ПОСРАМОТИ ПРОТИВ ЃОКОВИЌ

Легендарниот Матс Виландер го искажа своето мислење зошто Роџер Федерер се повлече од Ролан Гарос. Швајцарецот се повлече непосредно пред дуелот од осминафиналето со Матео Беретини, односно колото пред Новак Ѓоковиќ, кој според Швеѓанецот е главната причина зошто го напушти Париз.

“Мислам дека донесе добра одлука. Тој имаше шанса да го победи Беретини, но секако, мораше да се сретне со Ѓоковиќ и можно е Србинот да го освои убедливо. Тој не го сакаше тоа пред Вимблдон”,

вели Виландер

Федерер ги пропушти и загревачките турнири во Мадрид и Рим кои можеби ќе беа доволни да се чувствува удобно на големиот грен-слем.

“Тој дојде на Ролан Гарос без идеја за победа, само за да одигра неколку натпревари. Сигурно направи повеќе отколку што сакаше. Што требаше да направи? Да се ​​откаже кога имаше меч топка против Кепфер? Тој не играше во Рим и Мадрид, таа победа му треба. И во ред е да се откаже“,

вели Швеѓанецот

Виландер верува дека сепак постои некаков жар во Федерер за да постигне успех и да триумфира, но дека е далеку од таа форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *