ЕП ДЕН 2: ФУДБАЛОТ ВО СЕНКА – БЕЛГИЈА ЈА ДЕКЛАСИРА РУСИЈА, ФИНСКА ИСПИША ИСТОРИЈА

ЕП ДЕН 2: ФУДБАЛОТ ВО СЕНКА – БЕЛГИЈА ЈА ДЕКЛАСИРА РУСИЈА, ФИНСКА ИСПИША ИСТОРИЈА

Европското првенство денес понуди три натпревари, за прв пат целосна програма на вториот ден. Сепак, за жал сите случувања на терените останаа во сенка по колапсот на Кристијан Ериксен среде терен, што за среќа заврши добро и беше избегната катастрофа.

Најатрактивниот пар на денот всушност беше „еднонасочна улица“, бидејќи Белгија целосно ја надигра Русија и среде Санкт Петербург победи со 3-0 (2-0). „Ѓаволите“ на Роберто Мартинез демонстрираа моќ, со двата погодоци на Ромелу Лукаку (10. и 88. минута) и еден на Томас Мение (34. минута) стигнаа до убедлива победа и според планот го отворија континенталниот собир. Русите немаа сили за никаков подвиг, убедливо загубија и шанса за бодови ќе мора да бараат против Данска и Финска.

  • Белгија – Русија (3-0):

Токму Финците успеаја да победат на своето деби на европските првенства, откако во Копенхаген против Данска славеа со 0-1. Натпревар кој во целост го загуби значењето, бидејќи Кристијан Ериксен колабираше на теренот, па мораше да биде враќан во живот не понуди премногу атракција. По двочасовен прекин, играчите се договорија да се вратат на теренот, но само откако беше потврдено дека Ериксен е добар и стабилен. Финска го искористи шокот и со голот на Џоел Похјанпало во 60. минута дојдоа до први бодови во историјата.

  • Данска – Финска (0-1):

Во првиот натпревар денес, на „Олимпискиот стадион“ во Баку се одигра реми од 1-1, а протагонисти беа репрезентативците на Велс и Швајцарија. Швајцарците беа подобар ривал, поведоа со голот на Брил Емболо, а Мур донесе израмнување. Иако Гаврановиќ даде гол, тој не важеше поради офсајд и селекциите мораа да се задоволат со делба на бодовите.

  • Велс – Швајцарија (1-1):

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *