ЕРИКСЕН КОЛАБИРАШЕ НА ТЕРЕН И ЗАГУБИ СВЕСТ, ЗА СРЕЌА ВРАТЕН Е ВО ЖИВОТ!

ЕРИКСЕН КОЛАБИРАШЕ НА ТЕРЕН И ЗАГУБИ СВЕСТ, ЗА СРЕЌА ВРАТЕН Е ВО ЖИВОТ!

Натпреварот меѓу Данска и Финска беше прекинат поради страшни сцени, откако фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен колабираше на теренот пред финишот на првото полувреме.

Играчот за врска падна и загуби свест, соиграчите, судиите и фановите беа во неверица, а голем дел од нив и со солзи во очите ја следеа ситуацијата. Докторскиот тим реагираше веднаш, иако долги пет минути се обидуваше да го реанимира Ериксен, тие не се откажаа и според најавите, успеаја во својата цел.

Според официјалните информации, Ериксен е стабилен и е пренесен во болница каде што ќе се испитува неговата состојба дополнително.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *