ПРИВЕДЕН РАДОВИШАНЕЦ БАРАН СО ЦЕНТРАЛНА ПОТЕРНИЦА

ПРИВЕДЕН РАДОВИШАНЕЦ БАРАН СО ЦЕНТРАЛНА ПОТЕРНИЦА

На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил  лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш.

За него била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово

Лицето е осудено на вкупна затворска казна од 7 години и 3 месеци, во врска со чл.378 од Кривичниот законик. Е.А. бил предаден во СВР Штип за понатамошна постапка по што ќе биде предаден во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *