ЃОКОВИЌ ИСПИША ИСТОРИЈА- ОД 0-2 ДО 3-2 И ТРОФЕЈ НА РОЛАН ГАРОС!

ЃОКОВИЌ ИСПИША ИСТОРИЈА- ОД 0-2 ДО 3-2 И ТРОФЕЈ НА РОЛАН ГАРОС!

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ја потврди неговата моментална доминација во светот на тенисот, откако во Париз во финалето на гренслем-турнирот Ролан Гарос го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3-2 во сетови, односно 6-7, 2-6, 6-3, 6-3 и 6-4 по неверојатен пресврт, каков што му прилега на феноменалниот Ролан Гарос.

Иако грчкиот тенисер покажа издржливост, упорност и желба за борба во првиот сет, откако по тај-брејк го освои првиот сет со 6-8. Циципас продолжи да „везе“ и во вториот сет, па го освои со рутинирани 6-2, користејќи ја секоја грешка на Србинот.

Иако беше на праг до сензационален триумф, сепак Циципас ги загуби следните два сета со 3-6 и 3-6, па некако сите беа во исчекување на речиси невозможното, а тоа е епот кој ќе го испишеше Новак.

Ѓоковиќ го искористи сето искуство акумулирано во неговите колена и лакти, по што во петтиот сет со 6-4 успеа да го совлада Гркот, кој не успеа да се справи со притисокот кој натежна на неговите плеќи. Ова беше втор триумф за Ноле на Ролан Гарос.

Ноле му вршеше притисок на неговиот помлад ривал уште од првиот гем, но не искористи една брејк топка, меѓутоа набрзо му го одзема сервисот на Гркот и поведе со 2-1, а токму тој гем му беше доволен за да го освои петтиот сет на крајот со 6-4 и да го слави на Ролан Гарос по вторпат во кариерата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *