ОДБРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗДРЖА, АВСТРИЈА ПОДОБРА НА ЕП

ОДБРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕ ИЗДРЖА, АВСТРИЈА ПОДОБРА НА ЕП

Македонија за прв пат во својата фудбалска историја ја почувствува атмосферата на Европското првенство на арената во Букурешт. Првата препрека за нашите репрезентативци беше екипата на Австрија.

За жал, нашите репрезентативци не го издржаа притисокот до крај и претрпеа пораз од 3:1. Во првиот дел Австрија во голем дел од полувремето ја имаа контролата над топката, но беа без идеја во нападот. Сепак, долгото додавање од страна на Австрија евентуално ја скрши одбраната на нашата репрезентација кога Лајнер се најде на вистинското место во вистинското време и ја смести топката во мрежата на Димитриевски.

Радоста во составот на Австрија не траеше долго бидејќи Пандев по киксот на противничкиот голман успеа да стигне до топката и да го израмни резултатот уште од првиот шут упатен кон голот на австрискиот состав. Притисокот од Австрија продолжи до крајот на полувремето, но избраниците на Ангеловски го задржаа ремито до крајот на полувремето.

Второто полувреме беше далеку поизедначено од двете страни, Македонија конечно пронајде начин да го израмни поседот на топката. Трагедијата започна во 77. минута кога по одлично нафрлање на Алаба, својата нога ја испружи Грегориќ и го измами Димитриевски.

Конечниот резултат го постави Арнаутовиќ по катастрофална грешка на деморализираната одбрана на нашиот состав.

Македонија повторно во акција ќе ја видиме против составот на Украина овој четврток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *