ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА, БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ СЕ НАМАЛУВА

ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА, БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ СЕ НАМАЛУВА

Активни случаи на Ковид-19 во земјава има 438, од кои 189 се во Скопје. Како што соопшти Министерството за здравство, вчера во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани четворица нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 101 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

 До вчера бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 448.502 граѓани, информираа од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 255.808 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.477 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.431 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 442.928 дози вакцини, а ревакцинирани се 187.120 граѓани.

Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *