ЕП ДЕН 4: ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ОСТВАРИЈА ПОБЕДИ, ШПАНИЈА И ШВЕДСКА ГИ ПОДЕЛИЈА БОДОВИТЕ

ЕП ДЕН 4: ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ОСТВАРИЈА ПОБЕДИ, ШПАНИЈА И ШВЕДСКА ГИ ПОДЕЛИЈА БОДОВИТЕ

На денешните натпревари од фудбалското Европско првенство, со три бода заминаа селекциите на Чешка и Словачка, додека Шпанија и Шведска ги поделија бодовите.

Во првиот денешен дуел, селекцијата на Чешка оствари победа на екипата на Шкотска со 0:2. Стрелецот на двата гола беше Патрик Шик кој го затвори првото полувреме со својот првенец во 42. минута од натпреварот. Како што го завршија првото полувреме играчите на Чешка, така го отворија вториот дел и им беа потребни само седум минути во второто полувреме за да го постават конечниот резултат.

Шкотска упатија побеќе шутови кон голот на противниците, но беа помалку прецизни. Кога станува збор за поседот на топката, ова беше уште една статистика во полза на селекцијата од Островот.

Во вториот дуел на денот, силите ги одмерија Полска и Словачка. Во овој драматичен натпревар имавме можност да видиме сѐ, автогол, гол, па дури и црвен картон.

Резултатот беше отворен од страна на Полска, но не на начинот на кој би посакувале. Во 18. минута, Војчех Шчесни беше несреќникот кој ја пласираше топката во сопствениот гол. Полска стигна до израмнување во 46. минута благодарение на Карол Линети.

Остриот старт на Грегор Кричовиак му донесе втор жолт, односно црвен картон на полскиот играч кој го остави својот тим хендикепиран. Тагата на Полјаците се претвори во слава за репрезентацијата на Словачка, кога во 69. минута Милан Шкрнијар го постави конечниот резултат.

Последниот дуел од денешниот ден го одиграа селекциите на Шпанија и Шведска. Доминантната Шпанија немилосрдно биеше по голот на Шведска, но никако не ја најде мрежата. За доминацијата на Шпанија говори и статистиката која покажува дека Шпанците упатија 17 шута кон голот, наспроти оние четири на Шведска. Во однос на поседот на топката, шпанските играчи ја имаа 86% од времето, но за жал обезбедија само реми без голови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *