ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ИМА 1 НОВ ХОСПИТАЛИЗИРАН ПАЦИЕНТ

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ИМА 1 НОВ ХОСПИТАЛИЗИРАН ПАЦИЕНТ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Еден пациент е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември во текот на вчерашниот ден немало приеми.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19 пациенти.

Вкупно 34 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *