И МОСКВА ЌЕ ГИ МОТИВИРА ГРАЃАНИТЕ СО ЛОТАРИЈА

И МОСКВА ЌЕ ГИ МОТИВИРА ГРАЃАНИТЕ СО ЛОТАРИЈА

Сергеј Собјањин како градоначалник на Москва реши да ги мотивира луѓето да се вакцинираат со најавата за лотарија. Главната награда претставува автомобил. Ова доаѓа како резултат на новиот растечки бран на инфекции, пренесува „H1“.

Собјањин објави дека периодот од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни, односно дека до 20. јуни сите барови, ресторани и останати места ќе затвораат најкасно до 23 часот. Тој исто објави дека секоја недела ќе бидат доделени по пет автомобили во вредност од еден милион рубљи (11.500 евра).

„Сепак, се разбира, главната цел на лицето кое ќе одлучи да се вакцинира е неспоредливо со било каков автомобил. Главната цел е нивното сопствено здравје и духовна рамнотежа“,

рече Собјањин

Во Русија вчера беа потврдени 14.723 нови случаи на Ковид-19, од кои 7.704 во Москва, главниот град кое е најголемото жариште на пандемијата во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *