ЈОКИЌ НЕ МОЖЕ САМ, МИЛВОКИ ИЗЕДНАЧИ СО БРУКЛИН

ЈОКИЌ НЕ МОЖЕ САМ, МИЛВОКИ ИЗЕДНАЧИ СО БРУКЛИН

Никола Јокиќ ја освои МВП наградата за оваа НБА сезона, но за жал нема со кого да игра во составот на Нагетс. По нивниот триумф во првата серија, сега добија „метла“ од страна на Феникс Санс по вчерашниот пораз од 118:125.

За нештата да бидат уште поболни, Јокиќ ја заврши сезоната на лош начин откако беше принуден да го напушти теренот во третата четвртина поради агресивен фаул над Камерун Пејн.

Со победата од 4-0, Санс продолжуваат понатаму во нивната кампања да го освојат плеј-офот, каде ќе ги чека подобриот од Јута Џез и ЛА Клиперс. Пол и Букер беа извонредни во редовите на Санс со 47, односно 34 поени, додека на другата страна Јокиќ беше најдобар со 22 поени и 11 скока.

На Истокот, Милвоки Бакс ја израмнија серијата на 2-2 по триумфот на домашен паркет против Бруклин Нетс. За победата од 107:96, најмногу придонесе Јанис Адтетокумпо со 34 поени и 12 скока, додека Дуран беше најдобар кај Бруклин со 28 поени и 13 скока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *