КОЈА ХРАНА ВИ ПОМАГА ЗА КВАЛИТЕТЕН ТЕСТОСТЕРОН?

КОЈА ХРАНА ВИ ПОМАГА ЗА КВАЛИТЕТЕН ТЕСТОСТЕРОН?

Според нови истражувања, модерниот маж на возраст околу 30 години содржи далеку пониско ниво на тестостерон во споредба со минатото. Како резултат на тоа може да дојде до намалување на либидото, когнитивна дисфункција, проблеми со „интимните делови“ и слично.

Покрај тоа, тестостеронот е неопходен за силни мускули, цврсти коски и мал број телесни масти. Покрај вежбањето, тестостеронот може да се зголеми и со правилна исхрана.

Грозје за активни сперматозоиди

Една гранка грозје дневно може да направи огромна разлика. Лушпата на грозјето содржи ресвератрол, состојка која помага да се создаде поквалитетна сперма. Кинеските научници откриваат дека отприлика 5-10 зрна грозје е доволно за да го покрене нивото на тестостеронот и да ја зголеми активноста на сперматозоидите

Сакате мускули? Јадете дивеч

Исхраната без месо може да го намали нивото на тестостерон дури за 14%. Нормално како премалку, така и премногу протеини од месото можат да наштетат на организмот, но месото е клучно доколку сакате да се зголеми вашиот тестостерон и вашите мускули.

Јајца за хормони

Холестеролот кој го содржат жолчките од јајцата се всушност претходник на тестостеронот. Доколку сте загрижени за своето срце, не грижете се, конзумирањето по три јајца на ден е доволно без притоа да имате промени во нивото на холестеролот.

Малку мед, подобра циркулација

За вашата „авантура“ во спалната соба биде уште повозбудлива, јадете мед. Медот содржи бор, минерал кој е поврзан со високото ниво на тестостерон. Покрај тоа, медот изобилува со азот-моноксид, кој ги прочистува вените и ви помага во ерекцијата за да може да го разбудите вашиот „внатрешен алфа-маж“. Четири лажици мед дневно го подигнуваат нивото на азот-моноксид и до 50%.

Помал стрес, подобра потенција благодарение на лукот

Лукот е богат со алицин, состојка која го намалува хормонот на стрес – кортизолот. Кортизолот се бори со тестостеронот за простор во мускулите. Со намалувањето на кортизолот, тоа значи дека добивате повеќе тестостерон. За подобри резултати, конзумирајте го необработен.

Туна за подобар живот

Иако не е идеално да отидете со вашиот потенцијален партнер со арома на туна, витаминот Д која што таа го дава ќе помогне и тек како. Според студија спроведена на Медицинскиот факултет во Аризона, овој витамин го подигнува нивото на тестостерон и до 90%, разградувајќи ги сите материи кои лошо влијаат на либидото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *