ЕВЕ КАКО ВИБЕР ВИ ПОМАГА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ПОСАКУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ

ЕВЕ КАКО ВИБЕР ВИ ПОМАГА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ПОСАКУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ

Една од најпопуларните апликации за разговор во нашата област им нуди на корисниците дополнително ниво на заштита на пораките. Скриените разговори на Вибер се заштитени со PIN-код и не се видливи за другите што стигнуваат до телефонот на корисникот.

Процесот на криење и откривање на преписката на Вибер е едноставен и брз:

  • Ако сте корисник на Андроид, задржете го прстот на разговорот кој сакате да го зашитите, потоа во менито одберете „Hide Chat“, а на крајот внесето го посакуваниот PIN-код и одбраниот разговор ќе биде сокриен.
  • Ако користите IOS, потребно е да ја отворите апликацијата, потоа на екранот со разговорите го повлечете разговорот со прстот на лево и одбирате „Hide“.

Ако сакате повторно да ја откриете скриената кореспонденција, отворете разговор, повлечете налево или допрете ја иконата за запчаникот во горниот десен агол на екранот.

Потоа, пронајдете ја опцијата „Откриј го овој разговор“, внесете го PIN-от или отклучете го со отпечаток од прст или препознавање на лице, во зависност од тоа каков вид на заштита сте избрале. Преписката потоа ќе стане повторно видлива и ќе можете да ја најдете меѓу другите пораки.

Ако сакате да видите список со сите ваши скриени разговори, прво отворете го Вибер, а потоа скролувајте надолу додека не ја пронајдете иконата за пребарување. Внесете го името на контактот со кој имате тајна кореспонденција и ќе ги добиете сите тајни пораки на екранот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *