ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ-НЕМА КОЛИЧИНА НА АЛКОХОЛ ШТО НЕ Е ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО!

ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТ-НЕМА КОЛИЧИНА НА АЛКОХОЛ ШТО НЕ Е ОПАСНА ПО ЗДРАВЈЕТО!

Нема количина алкохол што не е опасна за здравјето, се вели во извештајот на Францускиот институт за здравствени и медицински истражувања (Inserm).

„Секоја количина, дури и мала, штетно влијае на здравјето“, подвлекоа авторите на извештајот, што е резултат на колективно вештачење, објавено во петокот, за намалување на штетата поврзана со алкохолот, кој го пијат скоро 43 милиони луѓе во Франција.

Количината консумирана алкохол останува висока, особено кај младите, додека во Франција има „41 000 смртни случаи годишно (од кои 11 000 се жени) со проценета социјална цена од 118 милијарди евра“, се вели во документот на 700 страници. Експертите препорачуваат забрана за рекламирање алкохолни пијалоци на Интернет и на јавни места и зголемување на цените со оданочување на пијалоците по грам алкохол што госодржат или со воведување минимални цени на пијалоците, како во Шкотска.

Според две студии, редовната потрошувачка – 10 или повеќе пати месечно, се однесува на секој десетти помлад тинејџер во Франција и секој четврти постар тинејџер.

Меѓу луѓето постари од 50 години, потрошувачката на алкохолни пијалоци е зголемена во Франција од 2013 година, особено бројот на случаи на „тежок повремен алкохолизам“; – експресно пиење и случаи на ризично консумирање алкохол со повеќе од две чаши на ден.

Консумацијата на алкохол е директно или индиректно одговорна за околу шеесет болести, вклучително и карциноми, како што е рак на дојка, како и кардиоваскуларни заболувања. Тоа е прва причина за хоспитализација во Франција и, после тутунот, втора причина за смрт што може да се избегне, потсетуваат експертите, кои негираат какви било позитивни ефекти од пиењето алкохол.

„Треба да престанеме да зборуваме дека алкохолот е добар за срцето“, едноставно рече Микаел Насила, истражувач во „Инсерм“ од истражувачката група „Амиен“ за зависност од алкохол и дрога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *