ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ЕУ ИСКОРИСТИ 300 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ЕУ ИСКОРИСТИ 300 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Твитер напиша дека ЕУ го надминала прагот од применети 300 милиони дози вакцини против Ковид.

„Надминавме 300 милиони дози во ЕУ. Секој ден сме се поблиску до целта: имаме доволно дози за следниот месец да достигнеме 70 проценти вакцинирани возрасни лица во ЕУ“,

пиша претседателката

Според документот презентиран од Комисијата пред лидерите на ЕУ, тие очекуваат милијарда дози до крајот на септември. Тоа значи дека до крајот на септември, целата територија на ЕУ би можела да биде вакцинирана.

Претходно, Комисијата споменуваше цел да се вакцинираат 70% од возрасната популација до крајот на летото, а подоцна тој рок е префрлен на почетокот на летото, така што целото население на Европската унија може да биде вакцинирано до крајот на летото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *