ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА СИТЕ ДА ПИЕМЕ ЕДНА ЧАША МЛЕКО ПРЕД СПИЕЊЕ

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА СИТЕ ДА ПИЕМЕ ЕДНА ЧАША МЛЕКО ПРЕД СПИЕЊЕ

Често се водат дебати за тоа дали млекото е здраво или не. Најновото истражување покажува дека поради изворот на витамини и минерали, млекото е пријател на нашиот имунолошки систем.

Млекото е одличен извор на протеини, здраво е за коските и има најмногу придобивки кога се пие пред спиење, исто како кога бевме деца. За жал, оваа навика е изгубена кај многу луѓе со текот на годините, но лекарите нè потсетуваат колку е добра чаша млеко за нашето тело.

  1. Подобар сон
    Неколку студии врз луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење поттикнува на подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тиртофан игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението. Покрај тоа, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста.
  1. Помага при слабеење
    Покрај тоа што ви помага да спиете подобро, млекото може да биде добар сојузник доколку сакате да изгубите тежина. Имено, слабиот сон може да биде причина за зголемување на телесната тежина, па подобрувањето на квалитетот на спиењето може да биде решение за елиминирање на вишокот килограми. Покрај тоа, млекото е полно со протеини, па затоа е одлична замена за оброците во доцните ноќни часови, што исто така може да биде виновник за зголемување на телесната тежина.
  1. Има релаксирачки ефект
    Консумирањето млеко пред спиење има психолошко влијание, бидејќи потсвесно нè потсетува на тоа кога сме биле мали и кога шолја млеко пред спиење беше неопходен ритуал. Исто така, нè релаксира со вистинско чувство на безбедност.

Од рубриката дали сте знаеле издвојуваме:

  • Млекото е составено од 87% вода
  • Клеопатра се капела во млеко затоа што верувала дека ја облагородува нејзината кожа
  • Млекото е единствената течност што може да ја пиете цел ден, без да јадете ништо друго, а да ги внесете сите потребни нутриенти

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *