АРНАУТОВИЌ КАЗНЕТ СО СУСПЕНЗИЈА ОД ЕДЕН МЕЧ ПОРАДИ НАВРЕДИТЕ

АРНАУТОВИЌ КАЗНЕТ СО СУСПЕНЗИЈА ОД ЕДЕН МЕЧ ПОРАДИ НАВРЕДИТЕ

УЕФА одлучи да го казни австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со еден меч суспензија поради навредите упатени кон Алиоски. Куќата на фудбалот утврди дека напаѓачот е виновен за „навреда на друг играч“ за време на натпреварот против Македонија.

Арнаутовиќ, кој е со српско потекло, мораше да биде смирен од капитенот Давид Алаба при прославата на третиот гол за Австрија, откако тој упатуваше навреди кон Алиоски и Бејтулаи.

УЕФА утврди дека 32-годишниот фудбалер се однесувал несоодветно, но не утврди дека имало дискриминација.

По мечот, на кој Австрија победи со 3:1, тој се извини за прославата на голот и рече дека не е расист.

Австрија утре игра со Холандија, додека Македонија ќе игра против Украина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *