ФРАНЦИЈА ГИ УКИНА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И НОСЕЊЕТО МАСКИ НА ОТВОРЕНО

ФРАНЦИЈА ГИ УКИНА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И НОСЕЊЕТО МАСКИ НА ОТВОРЕНО

Во недела, Франција целосно ќе го укине задолжителното носење маски на отворен простор и ќе стави крај на полицискиот час по цели осум месеци. Најавата на францускиот премиер Жан Кастекс доаѓа во време кога Франција на дневна база регистрира околу 3.900 новозаразени лица.

Ова е далеку помалку од 35.000 колу што имаше на врвот на инфекцијата во март и април, пренесува „Ројтерс“. Кастекс најави дека полицискиот час ќе биде откажан во недела, 10 дена порано од предвиденото.

Повеќе од 58% од возрасната популација ја има примено барем една доза од вакцините против Ковид-19. Во вторникот, Франција започна програма за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години, како дел од напорите за заштита на нацијата, бидејќи постепено се укинуваат ограничувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *