КИНА ИСПРАЌА ЕКИПАЖ ДА ЈА ГРАДИ ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА

КИНА ИСПРАЌА ЕКИПАЖ ДА ЈА ГРАДИ ВСЕЛЕНСКАТА СТАНИЦА

Три лица утре ќе бидат испратени во вселената со цел да го започнат амбициозниот план за завршување на вселенската станица до крајот на наредната година. Кина утре ќе го лансира вселенското летало „Shenzou-12“ од Ѓиќуан во провинцијата Гансу, изјави официјалниот претставник на кинеската вселенска агенција, Ѓи Киминг.

Како дел од екипажиот ќе бидат астронаутите Ние Хаишенг, Љу Боминг и Танг Хонгбо.

Мисијата ја предводи Ние, поранешен пилот кој ќе биде најстариот национален астронаут што отишол во вселената. За него ова претставува трето патување во вселената, по мисиите „Shenzou-5“ во 2003 година и „Shenzou-10“ во 2013 година.

Мисијата на Shenzhou-12, што значи „Божествен брод“ ќе биде третата од вкупно 11 мисии потребни за изградба на кинеска вселенска станица. Кина започна со изградба на вселенска станица оваа година кога кон крајот на април го лансираше во орбитата Tianhe, првиот и најголемиот од вкупно три модули.

Екипажот се очекува да остане на „Tianhe“ три месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *