НОВА ЧУДНА ПЕТИЦИЈА БАРА ЏЕФ БЕЗОС ДА ЈА ИЗЕДЕ МОНА ЛИЗА

НОВА ЧУДНА ПЕТИЦИЈА БАРА ЏЕФ БЕЗОС ДА ЈА ИЗЕДЕ МОНА ЛИЗА

Верувате или не, насловот е точен, Џеф Безос е мета на уште една бизарна петиција. Овој пат, луѓето сакаат тој да го изеде уметничкото ремек-дело – „Мона Лиза“. Според „Houston Chronicle“, петицијата е креирана како шега од страна на Кејн Пауел пред повеќе од година дена, а сега станаа вирални.

Сега, оваа петиција собра над 6.600 потписи.

„Никој ја нема изедено Мона Лиза и се чувствуваме дека треба да застанеме и да го натераме Џеф Безос да биде храбриот човек кој ќе го стори тоа“,

стои во петицијата

Мона Лиза е познато уметничко на Да Винчи кое стои во Лувр во Париз. За потсетување, претходно оваа недела имаше уште една бизарна петиција која сакаше Џеф Безос да не се врати назад на Земјата по патувањето во вселената.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *