ОРИГИНАЛНИОТ ИЗВОРЕН КОД ЗА „WWW“ СЕ ПРОДАВА

ОРИГИНАЛНИОТ ИЗВОРЕН КОД ЗА „WWW“ СЕ ПРОДАВА

Оригиналниот изворен код кој додведе до креацијата на World Wide Web, односно делот од интернетот што пртставува услуга со која се разменуваат податоци на глобалната компјутерска мрежа.

За неа беше одговорен сер Тим Бернерс-Ли, кој го продава кодот во форма на NFT на аукција организирана од Сотби. Почетната сцена за делот од кодот е само 1.000 американски долари. Според Сотби, документот се состои од 9,555 линии код, вклучувајќи имплементација на три јазици и протоколи измислени од Бернерс-Ли: HTML, HTTP и URL.

Заедно со ова доаѓа и оригинален HTML документ кој им дава упатства на раните веб-корисници како да ја користат апликацијата. Тим Бернерс-Ли е британски научник кој ја измисли World Wide Web (првично наречена mesh, или мрежа) во 1989 година, како предлог за управување со информации.

Оригинално, неговиот шеф го нарекол предлогот „нејасен, но интересен“. Сепак, креаторот продолжи да работи на него. Следната година, тој создаде апликација на програмскиот јазик Objective C на NeXT, која тој ја нарече WorldWideWeb.

Неговиот пронајдок, според важноста, честопати се споредува со пронаоѓањето на машината за печатење во XV век.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *