ПОТЕГОТ НА РОНАЛДО ЈА СИМНА ВРЕДНОСТА НА КОКА-КОЛА ЗА ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

ПОТЕГОТ НА РОНАЛДО ЈА СИМНА ВРЕДНОСТА НА КОКА-КОЛА ЗА ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Моќта и влијателноста на фудбалерите се покажа по само еден потег на Кристијано Роналдо на прес-конференцијата пред првиот натпревар на Португалија на Европското првенство.

Капитенот на португалската репрезентација, а по вчерашната вечер и рекордер по бројот на постигнати голови на Европските шампионати, Кристијано Роналдо, беше на прес-конференцијата во понеделникот пред дуелот со Унгарија на Европското првенство.

Штом го зазеде неговото место, Роналдо ги премести шишињата Кока-Кола, која е еден од главните спонзори за ЕУРО 2020, и ги замени со шишиња вода.

Тој кратко прокоментира:

„Пијте вода“.

И, иако на сите им изгледаше како убав гест, управниот одбор на компанијата што произведува освежителни пијалоци се фати за глава, и тоа со добра причина.

Негативниот публицитет што ова и го донесе на компанијата може да се види најдобро во фактот дека вредноста на компанијата падна за цели четири милијарди евра за многу кратко време на берзата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *