„СПУТНИК V“ Е НАЈЕФКАСНА ПРОТИВ ДЕЛТА СОЈОТ

„СПУТНИК V“ Е НАЈЕФКАСНА ПРОТИВ ДЕЛТА СОЈОТ

Руската вакцина се покажува како најефикасна против Делта сојот на коронавирусот, кој беше откриен во Индија, во споредба со другите вакцини.

„Вакцината „Спутник V“ е поефикасна против Делта-сојот на коронавирус, кој првпат беше откриен во Индија, отколку другите вакцини што објавија податоци за тој вид“,

велат креаторите на вакцината, повикувајќи се на истражување на истражувачкиот центар „Гамалеја“, кое поднесено за објавување во меѓународно научно списание

Според британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, предупреди дека Делта сојот е 40% позаразен од британскиот. Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот ковид-19 во светот.

Студиите покажуваат дека вакцината е 97,6 проценти ефикасност. Досега, оваа вакцина ја примиле 3,8 милиони вакцинирани руски граѓани и ефикасноста е зголемена во споредба со податоците претходно објавени во медицинското списание „Лансет“ (91,6 проценти).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *