ВИДЕО: АКТИВИСТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СО ПАДОБРАН ВЛЕЗЕ НА ЕП

ВИДЕО: АКТИВИСТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА СО ПАДОБРАН ВЛЕЗЕ НА ЕП

Активист за заштита на животната средина на „Гринпис“ вчера со падобран слета на „Алијанц Арената“ за време на мечот меѓу Германија и Франција. Ова резултираше во прекин на натпреварот.

Падобранецот, имаше проблеми со слетувањето и за малку ќе завршеше меѓу навивачите. Веднаш штом слета, натрапникот веднаш беше пресретнат од обезбедувањето и беше испратен надвор од теренот.

Публиката имаше можност да го улови летот на човекот со падобранот од сите агли. На падобранот стоеше порака која го осудуваше користењето на фосилните горива.

Според германските медиуми, падобранецот најверојатно скокнал од работ на покривот на „Алијанц Арената“, а по тешкото слетување му била пружена лекарска помош покрај падобранецот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *