ДЕВОЈКА ОСУДЕНА ОТКАКО ГО НАПАДНАЛА СВОЈОТ ТАТКО БИДЕЈЌИ НЕ И РАБОТЕЛА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА

ДЕВОЈКА ОСУДЕНА ОТКАКО ГО НАПАДНАЛА СВОЈОТ ТАТКО БИДЕЈЌИ НЕ И РАБОТЕЛА КРЕДИТНАТА КАРТИЧКА

Невообичаен инцидент се случил во Хрватска, во кој девојка е осудена откако го нападнала својот татко затоа што нејзината кредитна картичка била одбиена во продавницата.
Како што пишува Јутарњи лист, станува збор за дваесет и седумгодишно девојче, кое беше прогласено виновно во судот во Загреб и осудено заради бизарен случај во кој извршила насилство врз нејзиниот татко, поради кредитна картичка.

Според пресудата, таа влегла во станот на нејзините родители пред еден месец, околу 22 часот, огорчена од фактот дека нејзината кредитна картичка, која нејзиниот татко и ја позајмил, била одбиена во продавницата Икеа тој ден. Сè се случило во една зграда на Савска цеста во Загреб, каде ќерката живее на еден кат под нејзините родители.
Судот тврди дека таа извршила семејно насилство затоа што била „револтирана и видливо вознемирена бидејќи нејзиниот татко претходно и дал банкарска картичка за да купи работи за станот, но бидејќи картичката била одбиена во продавницата, ќерката се вратила во станот на нејзините родители и почнала да вика и да го навредува таткото.

“Ти си ѓубре! Ти воопшто не си родител! Па, треба да те убијат”, му се развикала 27-годишната девојка на зачудениот татко, пренесуваат хрватските медиуми.

После тоа, таа земала метла од ходникот и замавнала кон вратата од дневната соба и го искршила стаклениот прозорец на вратата. Потоа се вратила во својот стан каде подоцна била уапсена од полицајци кои веднаш биле повикани од нејзините родители.

Прекршочниот суд во Загреб ја прогласи девојката за виновна и ја казни со 1.000 куни за семејно насилство, а таа пресуда е конечна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *