ЕП ДЕН 8: АНГЛИЈА И ШКОТСКА ПОТФРЛИЈА, ХРВАТСКА НЕ УСПЕА ДА СЛАВИ СО ЧЕШКА

ЕП ДЕН 8: АНГЛИЈА И ШКОТСКА ПОТФРЛИЈА, ХРВАТСКА НЕ УСПЕА ДА СЛАВИ СО ЧЕШКА

Осмиот ден на Европското првенство, воедно и последен со три натпревари понуди релативно интересни дуели, од кои можеби најатрактивен беше ремито на Хрватска и Чешка.

„Коцкестите“ не успеаја да победат против Чешка, иако имаа шанси за тоа и мораа да се задоволат со бод (1-1) во второто коло на турнирот. Хрватите заостануваа на полувремето, се вратија по паузата и испуштија неколку шанси за целосен пресврт. Сепак, ќе мора во последното коло против Шкотска директно да одлучуваат за третото место во групата.

  • Хрватска – Чешка (1-1):

Двете селекции тргнаа отворено, не калкулираа премногу и понудија интересен фудбал. До предност Чешка стигна од белата точка преку Патрик Шик во 37. минута, по спорно досуден пенал и ненамерен удар од Дејан Ловрен врз стрелецот. Од првиот дел вреди да се издвои и стопроцентната шанса на Анте Ребиќ, кој не го погоди голот. Сепак, Хрватска се врати веднаш во вториот дел преку Иван Перишиќ, а до крајот можеше и да победи ако реализираа во наредните можности.

Во оваа група се одигра и островското дерби меѓу Англија и Шкотска, кое на „Вембли“ заврши без погодоци (0-0). Иако се очекуваше интересна пресметка, ривалите беа задоволни со почетниот резултат и делбата на бодовите, па протагонистите целосно потфрлија на овој натпревар. На двете страни, најзрелите шанси ги имаа Стоунс кој погоди статива, а на спротивната страна најблизу беше Дајкс.

  • Англија – Шкотска (0-0):

На отворањето на денот во Санкт Петербург, селекцијата на Шведска практично си обезбеди место во осминафиналето откако ја победи Словачка со 1-0. Иако се играше цврст натпревар, одлучи пеналот на Емил Форсберг за прва победа на „трите круни“ на турнирот.

  • Шведска – Словачка (1-0):

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *