ЕВЕ ЗОШТО КОМБИНАЦИЈАТА НА ОЦЕТ И МЕД НАУТРО Е ИДЕАЛНА ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА

ЕВЕ ЗОШТО КОМБИНАЦИЈАТА НА ОЦЕТ И МЕД НАУТРО Е ИДЕАЛНА ЗА ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА

Многумина од нас имаат сериозни секојдневни проблеми со варењето, тегобиите, желудочните киселини и надуеност. Сме пробале безброј лекови, домашни рецепти, работи што сме ги читале, но ништо не помогнало за да се ослободиме од тој проблем докрај. Во прилог прочитајте го сведоштвото на жена која се одлучила да проба како комбинацијата на оцет и мед наутро ќе влиае на нејзиниот дигестивен систем.

Никогаш не верував во чудесни пијалоци, алтернативна медицина и совети што луѓето ги оставаат на Интернет, но потоа сè се смени

Долго време имав проблем со варењето на храната. Ме мачеше запек, гасови и надуеност. После се што јадев, стомакот ќе ми отечеше како балон, и се чувствував како да сум голтнала камен.

Пробав пробиотици, кои помогнаа кратко време, како и други лекови, полесни диети, но ништо не го донесе посакуваното подобрување. Тогаш мајка ми ми рече да пијам чаша млака вода со две лажици јаболков оцет и лажица мед на празен стомак секое утро. Како и обично, ги превртев очите и веднаш заборавив дека таа ми предложи нешто слично.

Меѓутоа, кога видов во огледало како изгледа мојот стомак… сите би помислиле дека сум бремена… Затоа решив дека очајните времиња бараат очајни мерки! Станав наутро и ја испив ужасната мешавина што побрзо. На мое изненадување по само неколку минути истрчав до тоалетот!

Не бев сигурна дали е случајност или дали пијалокот навистина работи, но го испив и следното утро. Не трчав веднаш во тоалет, но додека се подготвував и се шминкав, тој повторно ја заврши работата. Затоа решив да ги отфрлам сите мои претходни верувања во врска со алтернативната медицина и пијам пијалок секое утро веќе еден месец.

Не можам да кажам дека прави чуда, но се чувствувам неспоредливо подобро, стомакот не ми е толку подуен, редовно одам во тоалет и изгледам многу подобро. Ако не верувајте, пробајте и сами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *