ЕП ДЕН 10: ИТАЛИЈА МОЌНО БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ ДО НОКАУТ ФАЗАТА НА ЕП!

ЕП ДЕН 10: ИТАЛИЈА МОЌНО БЕЗ ПРИМЕН ГОЛ ДО НОКАУТ ФАЗАТА НА ЕП!

Европското првенство дојде до период на разврска во групите, а прва која се комплетираше е групата А. Од неа, како апсолутен лидер и многу надмоќно Италија со девет бодови и без примен гол како првопласирана и Велс како второпласиран ќе играат во нокаут рундата, а големи шанси за тоа има и Швајцарија.

Во дербито на третото коло, иако беше јасно дека двете селекции ќе играат во следната фаза, Италија минимално со 1-0 го доби Велс и ја чекира првата позиција во групата. Со 11-от натпревар во низа без примен гол и 30-от без пораз, момците на Манчини иако со „шарен“ состав победија денес.

  • Италија – Велс (1-0):

Квалитетот јасно беше на страната на „азурите“ кои напаѓаа и притискаа, но за прв гол чекаа до 39. минута преку Матео Песина. Играчот на Аталанта доби пас од Верати и откосо го матира Вард за 1-0. Во продолжението, Етан Ампаду заработи директен црвен картон, па јасно беше дека Италија полесно ќе ги освои бодовите.

Во директна пресметка за третото место во групата, Швајцарија ја победи индиспонираната Турција со 3-1 (2-0). Турците се едно од најнепријатните изненадувања на овој турнир, бидејќи се очекуваше да бидат вистински хит, а се случи целосно спротивното доживеаја дебакл.

  • Швајцарија – Турција (3-1):

Харис Сеферовиќ донесе предност за Швајцарците по само шест минути игра, додека Џердан Шакири стрела одлично во горниот агол од голот за 2-0 во 26. минута. Иако Ирфан Кахвеци ја врати надежта на Турците, Шакири со својот втор погодок по третата асистенција на Зубер ги постави конечните 3-1.

Швајцарија собра четири бодови од трите дуели и е на добар пат да обезбеди место во нокаут рундата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *