ПАНДЕВ НАЈАВИ ПЕНЗИЈА, УТРЕ ПОСЛЕДЕН ПАТ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА!

ПАНДЕВ НАЈАВИ ПЕНЗИЈА, УТРЕ ПОСЛЕДЕН ПАТ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч со Холандија најави дека утре ќе го одигра последниот натпревар во националниот тим. 

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат, рече Пандев. 

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

„Среќем сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знам како да се носам со нив“, заврши Пандев. 

Средбата на „Јохан Кројф Арената“ ќе се одигра од 18:00 часот, што ќе биде последен дуел на Македонија на ова ЕП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *