ЕП ДЕН 11: БЕЛГИЈА И ДАНСКА СО ПОБЕДИ ДО ОСМИНАФИНАЛЕ!

ЕП ДЕН 11: БЕЛГИЈА И ДАНСКА СО ПОБЕДИ ДО ОСМИНАФИНАЛЕ!

Данска и Белгија се директни патници во осминафиналето на Европското првенство, откако вечерва запишаа победи доволни за првата и втората позиција.

Данците беа под ултиматум, само триумф ги водеше директно во следната фаза и тоа со повеќе од еден гол, а на Русија ѝ дадоа дури четири (1-4). Средбата на „Паркен“ беше изедначена на стартот, но домаќинот кој фигурираше како гостин уфрли во брзина повеќе и заслужено победи.

  • Русија – Данска (1-4):

Резултатот го отвори Дамсгард пред паузата, а во вториот дел предноста ја удвои Поулсен. Иако Ѕиуба ја врати руската надеж, Кристенсен и Меле со два брзи гола и пресудија на Русија.

На другиот меч, кој повеќе и значеше на Финска, Белгија покажа искуство и надмоќ па победи со 0-2. Иако дебитантот на ЕП се бранеше одлично, долго ги одбиваше налетите на Белгија, не успеа до крај. Вермален го натера Храдецки да си даде автогол во 74, а седум минути подоцна Лукаку ги постави конечните 0-2.

  • Финска – Белгија (0-2):

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *