ВИДЕО: БИЛИ АЈЛИШ ОБВИНЕТА ЗА РАСИЗАМ

ВИДЕО: БИЛИ АЈЛИШ ОБВИНЕТА ЗА РАСИЗАМ

Мегапопуларната тинејџерка која го освои светот со нејзиниот глас, Били Ајлиш, се најде на критики поради расизам. На видео кое циркулира по ТикТок, пејачката е обвинета дека ги навредува азиските акценти и користи расистички навреди, наведува „Дејли Мејл“.

Во видеото објавено од страна на корисникот @lcxvy, поврзани се повеќе кратки видеа без датум, во кои Ајлиш го користи изразот „Ch*nk“ – кој се смета за навредлив за личностите со источноазиско потекло. Англискиот значење на зборот претставува „тесен отвор“.

Исто така може да се види и слушне како Били ги исмејува азиските акценти и како нејзиниот постар брат, Финеас, ја критикува дека „зборува со афроамерикански акцент“.

Сепак, во видеото недостига контекстот, а некои фанови застанаа во одбрана на младата тинејџерка. Фановите потсетија дека таа всушност боледува од Туретов синдром и дека тоа е причината за нејзините испади.

Ајлиш во 2018 година откри дека боелдува од Туретов синдром, но нагласи дека не поседува гласовни тикови, туку само физички.

Пејачката минатата недела исто така се најде на мета бидејќи наводно „ја користи ЛГБТ заедницата за да ги промовира своите песни“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *