ЕП ДЕН 12: МОДРИЌ ЈА ВОДЕШЕ ХРВАТСКА ДО ОСМИНАФИНАЛЕ, АНГЛИЈА ЗАВРШИ КАКО ПРВА!

ЕП ДЕН 12: МОДРИЌ ЈА ВОДЕШЕ ХРВАТСКА ДО ОСМИНАФИНАЛЕ, АНГЛИЈА ЗАВРШИ КАКО ПРВА!

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во осминафиналето, како второпласирана зад Англија која ја совлада Чешка во директниот дуел за првата позиција во групата Д.

„Коцкестите“ покажаа искуство, против борбената Шкотска на „Хемден Парк“ одиграа одличен втор дел и предводени од Лука Модриќ победија со 3-1 (1-1).

  • Хрватска – Шкотска (3-1):

Резултатот го отвори Никола Влашиќ во 18. минута по добра тимска акција, а пред полувремето израмнување донесе МекГрегор (1-1). Во вториот дел, Хрватска тргна поофанзивно и тоа резултира со ремек-дело на маестро Модриќ, кој со одличен гол со надворешно ефе ја врати позитивата. Во продолжението, асот на Реал нафрли од корнер, а Иван Перишиќ со глава ги постави конечните 3-1.

На „Вембли“ во Лондон, Англија успеа со 1-0 да ја победи Чешка и наспроти најавите, ја потврди првата позиција која носи далеку потежок ривал во осминафиналето од „групата на смртта“. Рахим Стерлинг беше човек на одлука за „гордиот албион“, кој со погодокот во првиот дел донесе три бодови на својата селекција.

  • Чешка – Англија (0-1):

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *