УБЛАЖИТЕ ГО ЧЕШАЊЕТО ОД УБОДОТ НА ДОСАДНИТЕ КОМАРЦИ

УБЛАЖИТЕ ГО ЧЕШАЊЕТО ОД УБОДОТ НА ДОСАДНИТЕ КОМАРЦИ

Додека летото носи многу добри работи со себе, за жал комарците не се дел од тоа општо добро кое го допринесува најтоплото годишно време. Секогаш ги преземаме сите можни мерки за да избегнеме убод по телото, но некако наоѓаат начин овие инсекти да ни ја земат крвта.

Како што знаеме, убодот допринесува до чешање на кожата кое може да трае со денови. Меѓутоа, еве неколку начини на кои можете да се ослободите од чешање:

Алое вера

Со тоа колку може работи да подобриме со Алое вера, може да се каже дека ова е всушност Исус прероден во нешто што ни помага за сите нешта. Гелот од алое вера има антивоспалителни својства и може да помогне во зараснување на рани и смирување на инфекции.

Мед

Медот често го слушаме како решение кога станува збор за домашни лекови бидејќи содржи антибактериски својства, како и противвоспалителни дејства. Капка мед може да го намали воспалението, а тоа нормално го намалува и чешањето.

Сода бикарбона

Заедно со медот, сода бикарбоната е мајка на домашните лекови и е присутна во секоја кујна. Како со многу други работи, така и со убодот од комарци сода бикарбона може да помогне. Сѐ што треба да направите е да измешате лажичка сода бикарбона со исто толку вода и со пастата да нанесете на местото. Оставете да отстои 10 минути и потоа измиете го местото со вода.

Лед

Ледот има најкратко дејство, но функционира подеднакво добро. Коцките лед го намалуваат воспалението, а од огромна важност е да не го оставите ледот директно на убодот подолго од пет минути, бидејќи може да си ја оштетите вашата убава кожа. Се препорачува да употребите крпа меѓу кожата и мразот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *